Во Каиро започна донаторска конференција за обнова на Газа

Претставниците на десетина земји се собраа во Каиро на собирот чија цел е да се соберат милијарда долари за да се обнови појасот Газа, кој беше разрушен во неодамнешната седумнеделна војна меѓу Израел и Хамас.

Државниот секретар Џон Кери допатува утринава во главниот град на Египет за да присуствува на конференцијата, која се одржува месец и половина откако беше прекинат огнот во таа војна.

Се очекува обнова на мировните преговори меѓу Израел и Палестина кој се во прекин од крајот на април.