![kovacevski-talat](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/kovacevski-talat.jpg?resize=696%2C468&ssl=1)
-Ве известуваме дека на 29 јануари 2024 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во Владата на Република Северна Македонија предвидено е примопредавање на функцијата помеѓу досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски и Талат Џафери, претседател на преодната Влада на Република Северна Македонија, соопштија од Владата.
По пристигањето на платото на Владата на Република Северна Македонија, планирано е премиерите Ковачевски и Џафери да одржат кратка средба. По средбата во 10:30 часот тие ќе дадат изјава за медиумите за што се предвидени новинарски прашања во формат 2+2. Фоторепортерите и снимателите ќе имаат можност за инсерти и од пристигањето на премиерите на платото пред Владата како и од средбата помеѓу досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски и Талат Џафери, претседател на преодната Влада на Република Северна Македонија, се истакнува во владиното соопштение.