НБА лига: Меџик подобри од Санс и покрај 44-те коша на Букер

Кошаркарите на Орландо Меџик ноќта од неделата кон понеделникот по средноевропско време одиграа многу добар натпревар од НБА лигата и на свој паркет ги совладаа Феникс Санс со 113:98. Во текот на јануари, Феникс имаше седум победи во низа, но потоа забележа два пораза во седија. Пред падот кај Орландо, тимот од Аризона загуби и на гостувањето кај Индијана.

Феникс по првата четвртина имаше водство од 37:26 на Флорида, но потоа почна пресвртот на Орландо, кој кулминираше во последната четвртина, која домашната екипа ја доби со 31:13. Паоло Банкеро ги предводеше Орландо со 26 поени и седум асистенции, додека Франц Вагнер постигна 11 поени, седум асистенции и осум скока. Девин Букер имаше уште една одлична партија за Феникс, постигна 44 поени со 17 од 26 шут од поле, но и тоа беше премалку за неговиот тим да победи.

Изненадувачката побе впишаа Детроит Пистонс совладувајќи го совлада водечкиот тим во Западната конференција, Оклахома Сити Тандер со 120:104. Најлошиот тим во НБА на тој начин ја постигна шестата победа (6-40), а на Тандер им го нанесе 14-от пораз (32-14).

Најдобар играч на натпреварот беше центарот на Пистонс, Џејлен Дурен со 22 поени, 21 скок и шест асистенции. Џејден Ајви постигна 19 поени, заедно со осум скока и шест асистенции, а Бојан Богдановиќ постигна 17 поени. Шаи Гилџеус-Александер беше најдобар стрелец кај гостинскиот тим со 31 поен, а Џејлен Вилијамс постигна 20 поени.

На домашен терен Атланта Хокс ги совладаа Торонто Рапторс со 126:125 и ја прекина серијата од четири порази, додека тимот од Канада го забележа петтиот пораз по ред. Најдобар играч на Атланта повторно беше Треј Јанг со 30 поени и 12 асистенции. Садик Беј додаде 26 поени и 13 скока, а Богдан Богдановиќ 24 поени.

Индијана Пејсерс пред своите навивачи беа подобри од Мемфис Гризлис со 116:110, иако повторно беа без својот најдобар играч Тајрис Халибартон. Шест играчи на Индијана постигнаа двоцифрен број поени. Најмногу 24, постигна Бенедикт Матурин, додека Џејлен Смит имаше 19 поени и 10 скока, а засилувањето на Пејсерс сезонава, Паскал Сијакам, впиша 19 поени, шест скока и шест асистенции.