Кина стационира воени бродови околу Тајван

Кинеските власти, стационираа за постојано четири воени бродови во водите околу островот Тајван, објави јапонскиот весник Yomiuri.

Со тоа, Пекинг се надева дека ќе изврши притисок врз администрацијата на Тајпеј во време на мир, како и да спречи американски бродови да се приближат до островот во случај на конфликт во овој регион.

Покрај тоа, според весникот, уште еден кинески брод постојано се наоѓа северозападно од спорните острови Сенкаку (Дијаоју) во Источното Кинеско Море, област во која Јапонија ги смета нејзините територијални води.

Тајван е управуван од сопствена администрација од 1949 година, кога остатоците од силите Куоминтанг предводени од Чианг Каи-шек (1887−1975) побегнаа таму откако беа поразени во Кинеската граѓанска војна. Пекинг го смета Тајван за една од провинциите на Народна Република Кина.