Во понеделникот започна судењето на таткото и мајката на 13-годишниот ученик кој уби девет соученици и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, во трагедија без преседан во поновата историја на Србија.
Судот на почетокот на главниот претрес одлучи позитивно по предлогот на обвинителството за исклучување на јавноста од главниот претрес заради заштита на интересите на малолетниците.
На првото рочиште се очекуваат воведните зборови на обвинителството и одбраната, доказните предлози и признавањето на вината на обвинетите.
Заедно со таткото и мајката, обвинети се и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб каде таткото го однел синот и го учил да пука.
Во обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград беше предложено судот да го осуди таткото на затворска казна од 12 години, мајката на две ипол години затвор, додека сопственикот на стрелачкиот клуб и инструкторот во истиот клуб осудени на затворска казна од по три години.
Против таткото и мајката се водат и две граѓански постапки по тужби од членови на семејството за нематеријална штета поради смрт на блиско лице