
На 11.10.2014 година околу 12,00 часот во Штип, на м.в.„Војнички мост“, на брегот од реката Брегалница, додека малолетникот С.Б.(12) од Штип, бил во друштво со другари, 5 засега непознати лица извршиле разбојништво над истиот, на тој начин што физички го нападнале удирајќи го со шлаканици и тупаница во пределот на стомакот. Од ударите С.Б. паднал на земја, по што лицата му извршиле пребарување по џебовите, од каде му го одзеле мобилниот телефон „Нокиа“, а потоа се качиле во ПМВ„Застава 101“-сива боја и напуштиле лице местото.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.