Израелската војска наскоро ќе дејствува на либанската граница, рече министерот Галант

Израелската војска „наскоро ќе започне акција“ на северот на земјата, на границата со Либан, каде секој ден разменива воган со шиитското движење Хезболах, изјави во понеделникто израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

Министерот додде дека ги известил војниците распореден во близина нна границата со Појасот Газа, дека ќе бидат прекомандувани на северот на земјата.

„Наскоро ќе започне акција… значи силите на северот се засилени“, изјави министерот Галант, додавајќи дека резервистите ќе ги напуштат своите сегашни позиции за да се подготват за идните операции.

Началникот на израелскиот Генералштаб, Херци Халеви, недомана изјави дека изгледите за војна на северот на земјата „следните месеци“ сега се „многу поголеми од претходно“.

За повеќе од трите месеца во споредичните размени на оган со Хазболаг во Либан загинале повеќе од 200 лица од кои повеќе од 30 се цивили, според податоците на AFP. На израелската страна, пак, има 19 мртви од кои 12 се војници а седум се цивили, според израелската војска.

На истиот брифинг, министерот Галант рече и дека на борците на Хамас во Појасот Газа им недостига муниција и храна, но посочи и дека војната ќе трае уште со месеци.

Израел бара Хезболах да се повлече од границата за да обезбеди безбедност на цивилите на северот на земјата. Исто така, Тел Авив се закани со употреба на воени акции доколку не доведат до резултат дипломатските напори за повлекување. Повеќе од 76.000 луѓе ги напуштија своите домови во јужниот дел на Либан од почетокот на неодамнешните размени на оган. Повеќе од 80.000 луѓе беа евакуирани од израелската страна на границата.

Овие судири од почетокот на октомври претставуваат најсериозен воен конфликт од втората либанска војна во 2006 година. Но, набљудувачите велат дека двете страни сè уште следат одредени непишани правила, бидејќи досега избегнуваа натамошна ескалација.

Хезболах, кој е поддржан од Иран, ја контролира владата во Либан и има арсенал на ракети кои претставуваат закана за Израел. Еврејската држава, од друга страна, се смета дека е воено способна да му нанесе неизмерно голема штета на Либан.

Либанската шиитска групација Хезболах е активна во јужен Либан и во Сирија, чијашто територија на Голанската висорамнина Израел ја анектираше во 1981 година.

Хезболах, чии милиции се вооружувани и обучувани од Иран, е далеку помоќна борбена форамција од палестински Хамас, а разликата е и во припадноста на шиитскиот и сунитскиот огранок на исламот. Од последната војна меѓу Израел и Хазболах во 2006 година, либанското движење стана многу помоќно. Се проценува дека Хазболах има арсенал од повеќе од 100.000 ракети, а покрај тоа неговите единици се здобија со богато борбено искуство учествувајќи од 2011 година во војната во Сирија.

Хезболах и Израел водеа две големи војни од 1980-те. Израелските трупи беа принудени да се повлечат од Либан по конфликтот во 2006 година. Во војната од 2006 година со израелската моќна војска, Хезболах се покажа како сериозен противник, а воените аналитичари предупредуваат дека неговите борци се стекнале со големо борбено искуство со учеството во војната во соседна Сирија започната од 2011 година, и оти движењето е добро вооружено благодарејќи на целосната поддршка од Иран.

Движењето на шиитската заедница во Либан со неговото воено крило е формирано во заднината на долгата граѓанска војна со вмешаност на САД и Израел во 1982 година со поддршка на Иранската револуционерна гарда. Се смета дека е најдобро вооружена групација во регионот на Блискиот исток, а се здоби со големо борбено искуство учествувајќи во регионалните војни главно во Сирија на стрнаа на владата на претседателот Башар ал-Асад.

Последната израелско-либанска војна позната и како „Либанска војна 2006“, „Јулска војна“ и „Втора либанска војна“ е низа воени акции во Либан и во северен Израел која ескалираше откако Хезболах на 12-ти јули 2006 година на израелско-либанската граница грабна двајца израелски војници.

Израел на тоа договори со блокада, делумна инавазија, бомбардирање и воздушни напади на Либан, а борците на Хезболах возвратија со ракетирања од либанска територија на северот на еврејската држава, потполно запирајќи го функционирањето на деловното пристаниште Хаифа и тамошната важна хемиска индустрија. Либанската војска главно не се мешаше во судирот, кој траеше 34 дена и заврши со примирје склучено на 14-ти август таа година.

Тоа беше четвртата војна меѓу Либан, поточно Хезболах и Израел, а во неа загинаа 1.191 лице во Либан и 165 луѓе во Израел, како и педесеттина странски државјани. Водачот на Хезболах, Саџид Хасан Насралах тогаш им се извини на Либанците за бројот на жртвите.

Хезболах тогаш користеше тактика на герилски напади врз израелските трупи, а многу воени аналитичари сметаат дека во таа војна немало победник. Интересно е што се зголеми поддршката за Хезболах во Либан, додека во Израел се бараше оставка од премиерот Ехуд Олмерт кој призна дека имало грешки во војната, а оставка поради лошото водство на војската поднесе Дан Халутц.

Меѓународните организации за човекови права и либанската влада го обвинија Израел за користење забранети оружја, како фосфорни бомби и касетна муниција врз цивилното население, што подоцна беше и потврдено од израелски функционери.