Го имаме првиот ден каде во центар на плоштадот се владините возила на техничкиот премиер и со тоа да покажат дека владеат во општеството, најмоќни и тие мускули треба покажат и страв кон нивниот електорат, но има доволно простор во овие 100 дена народот да ја оцени оваа политика што се случувала изминатите години. Има име и презиме за одговорен политички субјект на сето ова, а тоа е СДС”, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против” на Телевизија Алфа.
Во продолжение додаде дека владејачките социјалдеморкати немаат никаков проблем да изгласаат каков и да е закон само да остане на власт.
„СДС се ќе направи само за да остане на власт, изминативе години ние секој еден ден, низ многу емисии, низ народот кажуваме дека СДС е приврзок бидејќи на нив не им е битно дали македонштината веќе се губи, дали идентитетот македонски се губи”, кажа Мисајловски.
Дециден е дека власта прави европски фронт и прават конспирација кој на која страна е бидејќи нема што да им кажат на граѓаните.
„Овие 100 дена повторно ќе бидат фолклор, естрада. Ништо нема да функционира бидејќи во овие 100 дена техничката Влада има улога како да направи фер и демократски избори. Минатите технички влади имаа лошо искуство и ние затоа велевме многу пати дека ова е непотребно”, изјави Мисајловски.
Посочи дека единствена партија што може да даде придонес за сето ова да се смени и да се има светла иднина е ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребно е граѓаните на 8ми мај да излезат што помасовно референдумски и да ги казнат бидејќи се друго е алиби. Многу пати ќе слушнете сите се исти, па зошто би гласал, разочаран сум. Ако седите дома тогаш уште повеќе ќе бидете разочарани секој еден кој седи дома. Сега е моментот да се даде гласот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи единствената партија што ќе ги промени сите овие работи е ВМРО-ДПМНЕ”, дециден е Мисајловски.