Четири пожари на подрачјето на Куманово и Старо Нагоричане

Сува трева и стрништа гореле на две локации во Куманово и Старо Нагоричане, а пожарникарите од двете општини интервенирале и на запалена семејна куќа и помошен објект во две села, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Кумановските пожарникари ноќека до три часот по полноќ гаселе пожар на семејна куќа во село Градиште кумановско, а претходно интервенирале на пожар на помошен објект.

Пожарникарите од Куманово и од Старо Нагоричане гаселе пожари и на запалена сува трева во селата во Романовце, кумановско и во село Младо Нагоричане.

Во извештаите на територијалните противпожарни единици на Куманово и на Старо Нагоричане за претходната 2023 година се наведува дека е зголемен бројот на интервенции на пожари на отворен простор. Во кумановско лани се случиле 412 пожари на отворено, а во Старо Нагоричане 80. Во двете општини имаше двојно зголемување на број на пожари на отворено во однос на претходната година.