Францускиот ракометен репрезентативец Беноа Конку (26) кој во неделата со репрезентацијата на Франција освои златен медал на Европското првенство во Германија, еден ден потоа бил уапсен во Париз поради обид за силување во ноќен клуб.
Неколку француски медиуми објавија дека Кунку во алкохолизирана состојба се обидел сексуално да нападне девојка, по што интервенирало обезбедувањето и била повикана полиција.
🔴 [Info @Valeurs] Le handballeur Benoît Kounkoud, tout juste sacré champion d'Europe en équipe de France, a été interpellé par la BAC nuit pour une tentative de viol dans une boîte de nuit du 8e arrondissement de Paris, à 4h40 ce mardi matin. "Il aurait baissé son pantalon et…
— Amaury Brelet (@AmauryBrelet) January 30, 2024
Ракометарот завршил во притвор, каде што бил испрашан за инцидентот, по што била отворена истрага за расветлување на случајот.
Француската полиција потврди дека Конку е во притвор по обвинение од 21-годишна девојка дека се обидел да ја за силува