Венгер откри дека испратил понуда до Левандовски

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер, откри дека се обидел да ги осигура услугите на полскиот интернационалец од редовите на Борусија од Дортмунд, Роберт Левандовски, кој од следната сезона ќе го носи дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М).

„Искрено ќе ви кажам дека се обидовме да ги осигураме неговите услуги, но Левандовски уште пред една и пол година потпиша договор со Баерн (М). Левандовски од следната сезона ќе биде нов напаѓач на Баерн (М), а тоа значи дека баварскиот гигант нема во јануари да прифати ниту една понуда за Марио Манџукиќ. Можно е да биде продаден за време на летниот преоден рок”, изјави трофејниот француски стручњак.