![Sobranie na RM](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Sobranie-na-RM.jpg?resize=696%2C371&ssl=1)
Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за економски прашања и Комисијата за образование, наука и спорт.
Членовите на Комисијата за економски прашања ќе дискутираат по Предлог на законот за Националната развојна стратегија, по скратена постапка, Предлог на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2024 година и Предлог на одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2024 година.
На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на законот за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење и Предлог на законот за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, и двата во второ читање.