Хуманитарната канцеларија на Обединетите нации во петокот изрази загриженост поради непријателствата во Кан Јунис кои принудија многумина да побегнат во Рафах на крајниот југ на Појасот Газа, опишувајќи го пограничниот град како „екпрес линец“ исполнет со очај.
Соопштението дојде додека Израел се подготвува да ги прошири борбите на југот на палестинската енклава, во близина на египетската граница, каде повеќето жители на Појасот Газа побараа засолниште од израелската офанзива.
„Сакам да ја истакнам нашата длабока загриженост за ескалацијата на непријателствата во Кан Јунис, што резултираше со зголемување на бројот на внатрешно раселените лица кои бараат засолниште во Рафах последните денови“, рече Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за Координација на хуманитарни прашања.
Повеќе од половина од 2,4 милиони жители на Појасот Газа се засолнија во областа. Тие смрзнуваат и гладуваат во импровизирани шатори и јавни згради. „Рафах е експрес лонец на очајот и се плашиме од она што следува“, рече Лаерке.
Жителите на Појасот Газа коишто постојано се селат кон северот на енклавата под притисокот на израелската војска, изјавуваат за медиумите дека израелските сили ги гранатирале областите околу болниците во Кан Јунис и ги засилиле нападите во близина на Рафах.
„Кан Јунис е сè повеќе напаѓан и беше шокантно да се слушне за тешки борби во близина на болниците, кои ја доведуваат во опасност безбедноста на медицинскиот персонал, ранетите и болните, како и илјадниците внатрешно раселени луѓе кои бараат засолниште таму. Агенциите навистина се мачат во овие околности“, рече Лаерке.
Во посебна изјава, УНИЦЕФ процени дека 17.000 деца во Газа останел без придружба или се одвоени од нивните семејства во текот на четирите месец од војната. УНИЦЕФ додаде дека речиси сите деца во енклавата треба да добијат психолошка помош.
„Децата имаат симптоми на екстремно високи нивоа на постојана анксиозност, како што се губење на апетит, несоница, емоционални испади и паника за време на бомбашките напади“, рече Џонатан Крикс, шеф за комуникации на УНИЦЕФ за окупираните палестински територии.
Уште пред оваа војна, УНИЦЕФ објави дека на на 500.000 деца во Газа им е потребна психосоцијална поддршка.
„Денес проценуваме дека на речиси сите деца им е потребна оваа поддршка, а тоа се повеќе од еден милион деца“, додаде тој.