
Најмалку 107 лица загинаа во појасот Газа во последните 24 часа во тековните борби, соопштија денеска локалните здравствени власти.
Повредени се уште 165 лица, соопшти власта која е под контрола на палестинската милитантна организација Хамас.
Здравствените власти вчера соопштија дека 112 лица биле убиени во претходниот 24-часовен период, а 148 повредени.
Вкупно, 27.238 Палестинци се убиени во Газа, од кои 75 проценти се жени, деца, млади луѓе или постари лица, а дополнителни 66.452 лица се повредени, соопштија властите.