Сончево и релативно топло – температурата до 17 степени

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.