Најтрофејниот тим во НБА е во серија од три победи, а ноќеска славеше на гостувањето кај Шарлот со 118-124. За време на турнејата по Истокот, Лејкерс прво загубија од Атланта, а потоа ги совладаа Бостон, Њујорк и сега Шарлот.
Најдобар играч на мечот беше Ентони Дејвис кој оствари трипл-дабл со 26 поени, 15 скока и 11 асистенции. Прв стрелец во неговиот тим беше Расел со 28 поени, а Леброн заврши со 26. На домашниот тим не му помогна на извонредниот тандем Бриџис-Милер кои заедно постигнаа 74 поени (Бриџис 41, Милер 33).
Со оваа победа Лејкерс останаа деветти, но се доближија до шестото место во Западната конференција каде е Њу Орлеанс со само две победи повеќе од Леброн и компанија.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – ЛА Лејкерс 118-124
Кливленд – Сакраменто 136-110
Филаделфија – Далас 102-118
Атланта – ЛА Клиперс 144-149
Бруклин – Голден Стејт 98-109
Њу Орлеанс – Торонто 138-100