По повеќе од 15 години, Подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче доби целосна реконструкција на внатрешниот и на надворешниот дел од училишната зграда. Со успешно завршената реконструкција која неодамна финализираше, правиме уште еден чекор кон подобрување на образовниот стандард за жителите на ова населено место во Аеродром.
Со градежните зафати, се изврши целосна реконструкција и поставување на енергетски-ефикасна фасада, замена на старите олуци и поставување нови, санирање на оштетените делови од зградата, како и целосна реконструкција на тоалетите и санитарните јазли. Со проектот, исто така се опфати и изведба на надворешно одбојкарско игралиште, како и паркинг со кој се решава проблемот со паркирањето.
Увид во завршените активности изврши и градоначалникот Муцунски, кој истакна дека општината ќе продолжи и понатаму со истиот ритам, со цел обезбедување квалитетно образование, посреќни и поуспешни ученици.
„Условите во кои се одвива наставата, се еден од предусловите за квалитетен образовен процес, а оваа инвестиција е токму во таа насока. Искрено се надевам дека овој и останатите проекти во делот на образованието ќе бидат мотивација за дечињата, за успешно да ги совладаат знаењата и вештините, но и да постигнат резултати.“, истакна градоначалникот Муцунски.