Израелски проектили го погодија сирискиот град Хомс, објавија во средата сириските државни медиуми, а локални извори велат дека нападите биле насочени кон неколку пунктови на сириската армија и воздухопловна база во областа.
Сириската противвоздушна одбрана собори неколку проектили, објавија државните медиуми, без да наведат детали за погодените цели. Според извори на сириското воено разузнавање, нападите биле насочени кон воздухопловната база Шујрат и неколку локации во предградијата на Хомс.
Израел со години изведува напади врз цели наводно поврзани со Иран во Сирија, каде што влијанието на Техеран се зголеми откако почна да го поддржува претседателот Башар ал-Асад во граѓанската војна што започна во 2011 година со поддршка на сунитските џихадистички групации од соседните сунитски монархии и западните земји.
Борците кои оддржуваат тесна соработка со Иран, вклучително и либанското движење Хезболах, сега се распоредени во големи делови од источна, јужна и северозападна Сирија и неколку предградија околу главниот град кои претходните години беа бастиони на Исламската држава и сирисиот огранок на Ал Каеда.