
Кривична пријава е поднесена против Б.И.(40) од село Чегране, В.А.(19), А.Е од село Добридол, Џ.Џ.(31) и Е.О.(31) бидејќи приредувале игри на среќа без лиценца.
На почетокот на годинава, при спроведена акциска контрола во Добридол и во Гостивар, е утврдено дека пријавените во објекти организирале игри на среќа без регистрирани фирми и без лиценци за работа.