Атлетик Билбао оставари минимална предност по првиот натпревар од полуфиналето на шпанскиот Куп на Кралот, победувајќи го Атлетико со 1:0 на гостувањето во Мадрид.
Предноста од еден гол пред реваншот на својот стадион „Сан Мамеш“, Атлетико ја обезбеди со погодокот во 25. минута, кога спокоен и прецизен беше Алекс Беренгер при изведувањето на пеналот.
Иако Атлетико напаѓаше до крајот и се обидуваше да направи пресврт или барем да израмни, Баскијците ги одбија сите напади и славеа важна победа. Атлетико беше одличен домаќин во Ла Лига оваа сезона и постигна единаесет победи и само едно реми во 12 натпревари.
Реваншот ќе се игра во Билбао на 29-ти февруари.
Во вторникот се одигра првиот полуфинален натпревар помеѓу Мајорка и Реал Сосиедад, а натпреварот заврши без голови.