
Елена Ристеска, која е дел од најновата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“ вчеравечер го имаше својот прв настап и со својот изглед и глума ги остави сите без текст.
Таа ја имитираше сексапилната хрватска пејачка Северина и нејзиниот хит „Уно моменто“, по што доби одлични коментари.
Таа ја фасцинираше македонската публика, но и српските медиуми со одушевување пишуваат за нашата Елена. Употребија само пофални зборови и велат дека не постои маж кој останал рамнодушен на нејзиниот настап.