Сашо Топаловски е новиот началник на СВР Скопје

Сашо Топаловски е новиот началник на СВР Скопје, кој има над 20 години професионално работно искуство во Министерството за внатрешни работи. Поминал низ сите скалила на институциијата, работел како советник за статистички истражувања, претходно како инспектор во Одделот за Недозволена трговија и шверц. Бил и инспектор во Единица за недозволена трговија со дрога и оружје СВР Скопје, инспектор во Одделението за Недозволена трговија со дрога и оружје СВР Куманово и инспектор во ЕВР Чаир одделение за Имотни деликти.

Работел и во 6-та управа на МВР и бил генерален советник за Управување со човечки ресурси како и советник во Единица за Управување со Квалитет. Има повеќе обуки и тренинзи во земјава и странство. Тој е магистрант на Универзитетот Св Кирил и Методиј- Институт за Социологија и политика.