Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот го назначи генерал-мајорoт Анатолиј Вархилевич за нов началник на Генералштабот на армијата, на местото на Серхиј Шаптала.
Во своето ноќно видео обраќање, Зеленски го опиша Бархилевич како „искусен човек кој ги разбира задачите на оваа војна и украинските цели“. Додаде дека е назначен по препорака на новиот врховен командант на украинската армија, Олександр Сирски.
Во четвртокот, Зеленски го смени популарниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, со 58-годишниот генерал-полковник Олександр Сирски, досегашен командант на копнените сили.
Зеленски во својата вчерашна најава рече дека Сирски ќе претстави нов тим за да ја „ресетира“ армијата.
Анкетите покажаа дека Залужни ужива поголема доверба во јавноста од Зеленски. Сè уште нема јасни информации за реакцијата на јавноста за неговото отпуштање, но многу Украинци на социјалните мрежи отворено ја доведуваат во прашање одлуката, Reuters.
Промените во воениот врв следи по неколкумесечните шпекулации за јазот меѓу двете најистакнати воени личности во Украина во врска со нивните визии за војната против Русија, која ќе влезе во третата година. При објавувањето на промените во четвртокот, Зеленски рече дека нема политика во потегот и дека чувствува потреба за обнова на вооружените сили по неуспехот на копнените операции на Украина во 2023 година.
Украинските сили започнаа контраофанзива минатото лето, но и покрај големата помош во модерна воена опрема од западно производство и помош од сојузничките оперативни штабови во разузнавачката и информативната област, не успеаја да ги пробијат добро утврдените руски линии. Последниот месец украинската армија по препорака на западните воени советници започна со подготовка на слични силно одбранбени линии стравувајќи од голема руска офанзива кон јужните и централните делови на Украина.