Индексот S&P 500 првпат го мина плафонот од 5.000 поени

Индексот S&P 500, кој ги обединува најголемите американски компании според капитализацијата, првпат во историјата на Њујоршката берза надмина 5.000 индексни.

На затворањето на тргувањето во петокот, S&P 500 индексот порасна за 28,70 поени, или за 0,57 отсто, на 5.026,61. Индексот ја премина границата од 4.000 поени во април 2021 година.

Во четвртокот, втор ден со ред, S&P 500 достигна ново рекордно ниво и во еден момент ја допре границата од 5.000 поени, благодарение на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите. Досега повеќе од половина од компаниите од составот на индексот S&P 500 ги објавија податоците за своето работење во последниот квартал од минатата година, при што околу 81 отсто од нив ги надминале очекувањата на аналитичарите во однос на заработката.

Во јануари берзанскиот индекс Dow Jones достигна рекордно ниво, надмина 38.000 поени. До крајот на трговската сесија во петокот беше на ниво од 38.671,69 поени. Индексот на електронскиот пазар Nasdaq порасна за 196,95 поени, односно за 1,25 отсто, на 15.990,66 индексни поени.

Според експертите, оптимизмот на инвеститорите е поврзан со добрите економски показатели, кои овозможуваат помалку да се земат предвид промените на каматните стапки од страна на американската централна банка Federal Reserve (Fed).

„Пазарот премина од верувањето дека Fed ќе биде спасител на одлуката дека нема потреба од спасител додека ја поддржува економијата“, вели за Bloomberg Дејвид Донабидијан, портпарол на „CIBC Private Wealth US“.