ВИДЕО| Командант на Хамас во Либан преживеал израелски напад со дрон

Еден од воените команданти на палестинското исламистичко движење Хамас во Либан, Басил ал-Салех, преживеал откако беспилотно летало на израелските сили го погодил неговиот автомобил во градот Џадра, 40 километри од либанската престолнина Бејрут, соопштија полициски извори од јужната провинција Сајида.

„Атентатот беше изведен со дрон на автопатот меѓу Џадра и Вади-Зеин. Две ракети беа истрелани кон автомобилот, припадникот на вооруженото крило на Хамас, ал-Салех беше ранет но преживеа, загинаа другите тројца палестински борци кои беа со него“, рекол полицискиот извор.

Канцеларијата на Хамас во Бејрут, која повеќепати беше цел на изралески воздушни удари од почетокот на најновата војна меѓу Израел со палестинското радикално движење кои изведе напад врз јужните израелски населби на 7-ми октомври, сѐ уште не издаде официјално соопштение за последниот напад.

Претходно во саботата иранската агенција Tasnim и саудиската телевизија Sky News Arabia објавија дека веројатна цел на овој на нападот била елиминација на синот на членот на политбирото на Хамас, Хазем Ханија. Сепак, оваа информација досега не е официјално потврдена.

Истовремено регионалниоте телевизиски канал Al Hadath потврди дека во нападот со беспилотно летало во Џадра загинале тројца припадници на „Силите на отпорот“. Според истиот извор, меѓу загинатите бил и извесен Халил Фарес, теренски командант на либанската шиитска милиција Хезболах од регионот Ајтрун.