Жереми Менез призна дека бил приморан да го напушти ПСЖ откако станало јасно дека ќе мора да се натпреварува со Златан Ибрахимовиќ за место во стартниот состав.
Дваесет и седумгодишниот Французин пристигна во тимот на Милан ова лето откако стана вишок на “Паркот на Принцовите” покрај Ибрахимовиќ, Кавани и Моура.
Менез, кој во ПСЖ пристигна од Рома во 2011, верува дека имал цврсто партнерство на теренот со Ибра, но со менувањето на системот на игра, бил немоќен да го зачува своето место во тимот.
“На почетокот, кога Ибрахимовиќ пристигна, двајцата игравме во нападот и функциониравме одлично. Како и да е, кога играш во систем во кој треба да се натпреваруваш со Швеѓанецот, веднаш станува напорно. Нема да се преправам дека можам да се натпреварувам со него”.
Менез, кој има над 100 настапи во дресот на ПСЖ, исто така нагласи дека сугестиите кои го омаловажуваат неговиот престој во главниот град на Франција не се фер.
“Мислам дека не е фер да се каже дека не сум постигнал ништо во Париз. Таму ги освоив првите трофеи, моите први две сезони беа доста задоволувачки. Никој неможе да ги избрише тие сезони”.
“Среќен сум што имав прилика да настапувам за тимот на ПСЖ. Како и да е, за мене почна нова авантура”.