
Жестоки судири избија денеска меѓу исламистичките џихадисти и курдските борци во близина на турската граница, северно од опколениот сириски град Кобани.
Тој судир се случува за да се оневозможи преминот од Кобани до турската граница и да го блокира преминот преку кој до сега приближно 200 илјади бегалци го користеа.
Судирот во кој се разменуваат оган и грaнатирање се случил во областа на помалку од еден километар од градот кој е опколен со бодликава жица, која ја одбележува границата меѓу Сирија и Турција.
Во меѓувреме коалиција која ја предводи САД изведе најмалку два нови воздушни напади на позицијата на Исламската држава во Кобани и околу него.