На 13 февруари Владата донесе одлука за генерален конзул и шеф на генералниот конзулат на Македонија во Венеција, Италија, да ја именува Фросина Ременски.
Потписник на оваа одлука е потпретседателот на Владата Фатмир Битиќи.
Фросина Ременски е редовна професорка на Факултетот за безбедност во Скопје. Како член на СДСМ беше пратеник, потпретседателка на Собранието и министерка за труд и социјална политика на Македонија.