Мицкоски смета дека Собранието може да ја продолжи важноста на пасошите „Република Македонија“ – „Ова не е политичка волја, физика е во прашање“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Собранието може да ја продолжи важноста на пасошите „Република Македонија“.

Тој во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ова не е политичка волја, туку физика е во прашање.

„Тоа зависи од нас, а не од Преспанскиот договор… Јас да бев на местото на раководството на Грција, премиер, претседател, министер можев многу елегантно да ги освојам симпатиите на граѓаните и да не дозволам ова да се случува затоа што не е политичка волја, физика е во прашање“, вели Мицкоски.

Според него, тој да бил на местото ќе се согласел уште една година да важат патните исправи со старото име.

Мицкоски смета дека Собранието може да ја продолжи важноста на пасошите „Република Македонија“