Украинските сили во опколување и во критична ситуација во Авдеевка

Украинските сили на позициите во градот Авдеевка, на рабовите на отцепената источна проруска украинска област Доњецк се под сѐ поголем притисок, потврди во петокот украински командант.

„Жестоки борби се водат во градот. Нашите единици ги распоредуваат сите расположливи сили и ресурси да му пружат отпор на непријателот. Ситуацијата е тешка, но под контрола“, изјави рано утрото украинскиот командант на овој дел од боиштето, Олександр Тарнавски.

Тарнавски кој командува со украинската оперативно-стратешка борбена групација „Таврија“ наведува дека украинските трупи кај Авдеевка подготвуваат нови позиции „земајќи ги предвид сите можни сценарија“.

„Украинските бранители возвраќаа во нехумани услови. Денеска непријателот насочува големи сили во луѓе, оклопни возила и авиони кон Авдеевка“, објавија во петокот на Facebook портпаролите на 110-та бригада на украинската армија распоредена во Авдеевка.

Во меѓувреме украинските портал Страна.ua, го цитира заменикот-командант на Третата јуришна бригада на украинската армија, кој вели дека оваа единица на некои места во Авдеевка е „целосно опколена. Според него, на некои позиции „ситуацијата е критична, во опкружување сме од 360 а на места од 180 степени.

Претходно во четвртокот украинската војска објави дека дел од единиците се повлекуваат од некои од предните позиции, а командантот на бригадниот генерал Тарнавски изјави дека украински единици како засилување сѐ уште пристигнуваат на некои загрозени позиции, но дека во подготовка е преминување на некои резервни позиции.

„Го цениме секое парченце украинска почва, но најголемата вредност и приоритет за нас е да се спасат животите на украинските војници“, истакна Тарнавски во објавата на Telegram.

Подоцна весникот The Washington Post објави предавањето на градот во рацете на руските единици е само прашање на време, како и дека украинската војска започнала постепено повлекување од областа на утврдениот град Авдеевка, каде со месеци се водат жестоки борби, слични на оние лани во блискиот град Бахмут каде што во шесте месеци беа уништени елитните единици на украинската војска.

На брифингот за новинарите во четвртокот вечерта портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, потврди дека ситуацијата во Авдеевка станала „критична“, и дека градот може да падне под контрола на руските сили.

Руските сили, за разлика од битката за Бахмут, се решија за минимизирање на своите загуби во жива сила, насочувајќи се на континуирани масивни напади со дронови и жесток артилериски оган, по што следуваа напредувања на пешадијата од неколку правци.

Таква е и оценката на американскиот Институт за проучување на војната (ISW) кој ја објави својата анализа за ситуацијата во Авдеевка во четвртокот. Според оваа анализа, која се потпира на сателитски снимки, руските војници напредуваат од север кон големиот утврден комбинат за кокс во Авдеевка, во кој исто така има подземни одбранбени инсталации. Руските сили веќе заземале важен утврден одбранбен систем на украинската војска во јужниот дел од градот.

„Руските војници ќе можат да ги опколат некои од украинските единици, доколку украинските војници не започнат успешни противнапади“, се наведува во извештајот на американскиот Институт за проучување на војната (ISW).

 

Во петокот украинската јуришна бригада, итно испратена на помош на украинските единици во Авдеевка објави дека е „нејзин нови дом“ станал комбинатот за кокс кој се наоѓа на северозападната периферија на градот.

Во средата, претставникот на оперативно-стратешката група на вооружените сили на Украина „Таврија“ Дмитриј Лиховој призна дека украинските единици се подготвуваат за фактот дека наскоро ќе ја изгубат главната линија за снабдување на нивните војници во близина на Авдеевка, ситуација во која командата на украинските трупи претходно ја препозна како „исклучително тешка“. Претходно, заменикот на Народниот совет на самопрогласената проруска Доњецка Народна Република и член на Комитетот за поддршка на учесниците на Северниот воен округ, Дмитриј Плетен, изјави дека бригадата префрлена во Авдеевка „главно се состои од милитанти од Азов, кои нема смисла да се заробауваат“.

Авдеевка, се наоѓа на 76 километри југоисточно од Бахмут. Целта на руската офанзива во областа на Авдеевка украинските сили да бидат потисната кон централните области на Украина за да се спречи гранатирањата врз градовите под руска контрола Доњецк, Јасиноватаја и Макеевка. Авдеевка е еден од главните утврдени области на територијата од самопрогласената Доњецка Народна Република, кој сѐ уште е под контрола на украинската војска од каде секојдневно се гранатираат градовите во регионот, особено врз главниот градски центар на регионот Доњецк, кој од 2014 година е под контрола на проруските сили и имаше над 1,5 милиони жители.