Израел има разузнавачки информации дека над 30 вработени на УНРВА учествувале во масакрот на 7 октомври

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во петокот изјави дека Израел нема намера да евакуира палестински цивили во Египет, откако ги откри идентитетите на вработените во УНРВА кои се членови на терористичката група Хамас. Има дополнителни докази, рече официјалниот претставник, дека над 30 вработени на УНРВА учествувале во злосторствата на 7 октомври.

Говорејќи пред странските новинари во израелскиот воен штаб во Тел Авив, израелскиот министер за одбрана го откри идентитетот на 12 вработени во УНРВА кои се членови на терористичката група Хамас и обезбеди доказ за употреба на персоналот на палестинската Црвена полумесечина и брзата помош во нападот на Ерез, база која служи како хуманитарен премин.

Галант додаде дека покрај 12-те работници, Израел има значајни индиции засновани на разузнавачки информации, дека над 30 работници на УНРВА учествувале во масакрот, го олесниле земање заложници, ограбувале и краделе од израелските заедници и друго.

Според Галант, од 13.000 работници на УНРВА, 12 отсто се поврзани со Хамас и палестинскиот исламски џихад. „Се знае дека 1468 работници се активни во Хамас и ПИЏ. 185 работници на UNRWA се активни во воените ограноци на Хамас и 51 се активни во воениот огранок на ПИЏ“, рече тој.

„УНРВА го изгуби легитимитетот и повеќе не може да функционира како тело на ОН. Наредив одбранбената единица да започне со пренесување на одговорностите поврзани со испораката на помош, на дополнителни организации“, додаде тој.

Додека ИДФ ја продолжува операцијата за преземање на упориштето на Хамас, Кан Јунис, Галант вели дека израелската војска веќе разбила 18 баталјони на терористичката група во појасот и дека „сега Рафа е следниот центар на гравитација на Хамас“.

„7-ми октомври за некои се чувствува како далечен спомен. Но, нема да дозволиме светот да заборави. Бебиња, жени, преживеани од Холокаустот, цели семејства беа живи запалени, заклани, обезглавени, сексуално нападнати или киднапирани“, рече тој.

„Мојата животна мисија е да победам во оваа војна. Поставивме јасни цели за оваа војна: уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас, враќање на заложниците и безбедно враќање на нашите граѓани и заедници на север и во кибуците и градовите на југ“.

Тој ја стави војната на Израел против џихадистичката група со седиште во Газа во поширок контекст на борбата на Западот против исламистичкиот екстремизам.

„Ние се бориме за истите вредности – никој во слободниот свет не би го прифатил бруталниот напад што го доживеавме на 7 октомври – напад толку тежок, што не сме виделе ништо слично од средновековните времиња“, рече тој.

„Ние сме на првата линија на слободниот свет. Нашата борба против терористичката организација Хамас е судир меѓу цивилизациите“.