Украинските власти денеска соопштија дека отвориле истрага за наводен инцидент во кој руските сили застрелале шест невооружени украински војници во градот Авдеевка и уште двајца украински војници во селото Веселе во истиот регион, откако Русија целосно ја презеде контролата врз градот.
– Истрагата за пукањето на невооружените украински воени затвореници во Авдеевка и Веселе е започната, соопшти обвинителството во областа Доњецк во објава на Телеграм.
Портпаролот на украинската армија Дмитро Лиховиј изјави дека сè уште нема потврда дали украинските војници се убиени во Авдиеевка.
Обвинителството во Доњецк соопшти дека на видео снимено од беспилотно летало се гледа како руски војник пука од автоматско оружје кон двајца заробени украински војници од непосредна близина во близина на селото Веселе во областа Запорожје.
Украинската армија претходно денеска сподели видео на официјалниот канал Телеграм, кое било снимено со дрон, на кое се гледа како во тесен ров лице опишано како руски офицер им приоѓа на две униформирани лица, кои се идентификувани како Украинци, а потоа пука во нив.
Лицата кои украинската армија ги идентификува како нејзини припадници, не се обиделе да се одбранат.
Русија претходно ги негираше тврдењата на Киев за убиство на заробени украински војници.