
Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски, денеска истакна дека во постапка се пресметките за раст на мартовските пензии.
-Да, во постапка се. Веќе добиени се податоците од Завод за статистика каде што точно по формула треба да бидат пресметани. Започната е процедурата и ќе тече согласно закон, според формулата ќе се пресмета процентот за минималната пензија, за покачувањето, рече Велковски при денешната посета на поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“.
На новинарско прашање колку би било покачувањето, техничкиот министер нагласи дека со конкретни бројки ќе излезат кога ќе завршат сите процедури.
-Во овој момент да не збориме за бројки. Конкретни да бидеме. Ќе излеземе со бројките. Да оставиме граѓаните да не шпекулираат меѓу себе колку и зошто, рече тој.