САД предложија резолуција за привремен прекин на огнот во Појасот Газа

ССоединетите држави предложија алтернативен предлог на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации во која се нагласува „поддршка за привремен прекин на огнот во Појасот Газа што е можно поскоро“, се вели во текстот во кој агенцијата Reuters имала увид во понеделникот.

Вашингтон не сака да го користи терминот „прекин на огнот“ во каква и да е декларација или резолуција на ОН за војната меѓу Израел и Хамас, но предложената резолуција го повторува јазикот што претседателот Џо Бајден го употреби минатата седмица во разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нацрт-резолуцијата, исто така, „тврди дека под сегашните околности, голема копнена офанзива врз Рафах би резултирала со дополнителна штета на цивилите и нивно натамошно раселување, вклучително и потенцијално во соседните земји“.

Израел планира да го нападне Рафах на крајниот јужен дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион ипол Палестинци, односно повеќе од половината од купното население на тесната крајбрежна енклава, побараа засолниште пред разорувачката и смртоносна офанзива на израелската војска.

Тоа редизвика загриженост кај меѓународната заедница дека тоа може значително да ја влоши хуманитарната ситуација во Појасот Газа. Исто така, многу земји, особено соседните, сметаат дека станува збор за план на Израел трајно да ги протера Палестинците од Газа, како веќе се има неколкупати случувано изминатите повеќе од седум децении.

Во нацрт-резолуцијата се вели дека тоа „би има сериозни импликации за регионалниот мир и безбедност и затоа се нагласува дека под никакви околности не треба да се случи копнена офанзива од ваков обем“.

Не се знае кога и дали предлог-резолуцијата ќе биде ставена на гласање во Советот за безбедност.

САД го објавија текстот откако Алжир во саботата побара од Советот за безбедност на светската организацја да гласа во вторник за неговата нацрт-резолуција со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.

Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилдм веднаш стави до знаење дека ќе стави вето на текстот предложен од Алжир, сметајќи дека тоа може да ги загрози „чувствителните преговори“ за ослободување на заложниците.