Рускиот пилот кој со хеликоптер пребега во Украина најден мртов во Шпанија

Пилотот Максим Кузминов, кој минатото лето пребега во Украина со руски воен хеликоптер „Ми-8“, веројатно е убиен откако ја поканил поранешната девојка да го посети во Шпанија, пишува во понеделникот весникот Украинская правда, повикувајќи се на извори Главната разузнавачка управа (ГРУ) при украинското Министерство за одбрана.

Во написот се наведува дека Кузминов решил да се пресели во Шпанија „наместо да остане тука“ (во Украина), како и дека според сознанија на весникот, ја поканил поранешната девојка да го посети а потоа бил пронајден застрелан.

Шпанската државна новинска агенција EFE објави дека телото е пронајдено на 13-ти февруари во гратчето Виqахојос, во близина на Аликанте, на југот на Шпанија. Кизминов, откако поради пребегнувањето беше славен во украинските и западните медиуми, живеел во Шпанија со украински пасош но под друго име.

Шпанската полиција потврдила дека во градот е пронајдено тело на застрелано лице, но не го објави неговиот идентитет. Извор од шпанската Цивилна гарда за EFE рекол дека жртвата можеби живеела во земјата под лажен идентитет.

Весникот La Informacion, кој прв извести за случајот, наведува дека истрагата е насочена кон две осомничени лица кои побегнале со автомобил кој подоцна е пронајден опожарен во местото на ликвидацијата.

Украинската новинска агенција УНИАН објави дека убиениот украински државјанин во Шпанија е веројатно Кузминов. Порталот РБК-Украина вели дека информацијата за неговата смрт ја потврди портпаролот на военото разузнавање ГРУ, Андриј Јусов.

Во пишувањата на шпанските медиуми се забележуваат повеќе недоследнсот. Таа во некои се наведува дека е убиен 33-годишен Украинец, додека во некои се наведува дека Кузминов имал 28 години. Шпанскиот информативен портал Eureka News, повикувајќи се на неименуван извор од Цивилната гарад првично објави дека е убиен украински пилот, а подоцна ја повлече веста и од својата страница и од профилот на мрежата Х.

Исто така, италијанскиот портал Il Corrispondente, кој нема печатена верзија и не содржи информации за авторите на материјалите, повикувајќи се на извор од шпанската Цивилна гарда, објави дека Кузминов бил убиен на 13-ти февруари со 12 истрели, а потоа неговото тело било прегазено од автомобилот на убијците. Белешката под наслов „Предавниците не живеат долго“ содржи многу навредливи коментари на украински јазик упатени до порталот.

Летото 2023 година украинските медиуми објавија дека малд руски пилот од градот Курск, по наговор на украинското разузнавање и за одредена сума пари, пребегнал со хеликоптер „Ми-8“ на територијата која ја контролирала украинскава војска, а дека другите двајца членово на екипажот биле убиени, но не беше објаснето под кои околности.

 

Што е познато за пребегот на Кузминов?

На 4-ти септември 2023 година, Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина извести за операција под кодно име „Синица“, во која 28-годишниот руски пилот на хеликоптер „Ми-8“ Максим Кузминов наводно пребегнал на украинската страна заедно со леталото. Според каналот Baza кој објавува информации од војната на платформата Telegram, Максим Кузминов е дипломиран на Вишата воена авијација школа за пилоти во Сизран, по завршувањето на училиштето служел во Приморје. Самиот пилот зборуваше за околностите на неговото бегство на прес-конференција во Киев на 5-ти септември.

Според него, главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина му ветила 500.000 американски долари за неговото бегство. Пилотот рече дека рутата на „Ми-8“ била однапред договорена – летал од Курск до регионот на Харков, приземјувајќи се на околу 20 километри од руската граница. Хеликоптерот летал на екстремно мала надморска височина (пет до десет метри) и со исклучена радио-врска. Според пилотот, додека ја минувал границата, отвориле оган кон него од мало оружје и го раниле во ногата. Во објавата на ГУР тогаш беше обајвено дека пилотот на хеликоптерот бил во Украина со неговото семејство, кое било пренесено таму „однапред“.

Пилотот, наводно, избегал со уште двајца членови на екипажот кои не биле свесни за неговите планови и одбиле да се предадат по слетувањето.

„Тие беа невооружени, се обидов да ги смирам, реков дека сѐ е во ред, дека тука живеат прекрасни луѓе, но тие почнаа да се однесуваат агресивно“, тврдеше Кузминов за уркаинските медиуми.

Тие, како што изјави шефот на украинското воено разузнавање, Кирил Буданов, биле убиени затоа што дале отпор. Руското Министерство за одбрана и Кремљ тогаш не ја коментираа информацијата.

Во септември 2023 година, Буданов рече дека украинското разузнавање успеало да убеди руски војник да го спушти хеликоптерот „Ми-8“ на руските вооружени сили на украинска територија. Подоцна, Максим Кузминов зборуваше на прес-конференција во Киев, каде што ја објасни својата одлука со негативен став кон руската инвазија. По извено време, украинското разузнавање објави дека Максим Кузминов се преселил во Шпанија, всушност откривајќи ја неговата локација.

На 1-ви октомври минатата година на првиот канал на руската државна телевизија беше имитуван пролог во врска со судбината на Максим Кузминов. Тогаш неименувани офицеи на специјалните сили на руското воено разузнавање порачаа дека ѐ дека „веќе е добиена наредба“ во врска со пилотот Кузминов и тој „нема да доживее“ за да го види судењето.