
Во вторник во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локален слаб дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура се движи во интервал од минус 3 до 5, а дневната соодветно од 7 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне 14 степени.