Д-р Магдалена Спасевска ни го претставува револуционарниот хемиски пилинг TPRX, што е револуција во биоревитализацијата без употреба на игла. Станува збор за светски и најнов хемиски пилинг кој има врвно докажани резултати кај сите возрасни категории.
Д-р Спасевска е специјализант на стоматолошка протетика и сертифициран Доктор по естетска медицина и една од најпознатите едукатори кога станува збор за третмани за лице.
За сите заинтересирани кои сакаат да ги прошират и усовршат своите професионални вештини, Д-р Спасевска врши обуки за хемискиот пилинг TPRX во Beauty & Academy. Следната едукација е закажана за в четврток (22.02.2024).
И, секако, освен едукации за оваа извонредна естетска метода, во Beauty & Academy се изведува овој уникатен пилинг што многу ефикасно придонесува за регенерација и обновување на кожата без нарушување на епидермисот. Ова значи дека не само што го отстранува оштетениот слој на кожата, туку и продира длабоко во внатрешноста, влијае на епидермалниот слој на кожата до базалниот слој, стимулирајќи ја активно да се обновува и да се регенерира. Кожата станува помазна и порамномерна. А што е уште поизненадувачки, резултатите се видливи уште од првата сесија.
Поради својот уникатен состав TPRX овозможува успешно лекување на: површински брчки, акни, лузни, стрии, мелазма, хиперпигментации и други видови на фотостареење и неправилности на кожата.
Освежете ја вашата кожа со TPRX и подарете ѝ нега каква што заслужува!