Фон дер Лајен останува единствениот кандидат на ЕПП за иден претседател на ЕК

Европската народна партија (ЕПП) соопшти дека денеска напладне истече рокот за претставување партиски кандидати за иден претседател на Европската комисија. Кандидатурата на досегашната шефица на комисијата Урсула фон дер Лајен останува единствена, се додава во соопштението.

Претседателот на ЕПП, Манфред Вебер добил од германската партија „Христијанско-демократска унија“ предлог Фон дер Лајен да биде водечки партиски кандидат на ЕПП. Според правилата, оваа номинација доби поддршка од уште две национални партии – од Полска и од Грција. Други кандидати не беа предложени, се наведува во соопштението.

Се очекува ЕПП да ја поддржи Фон дер Лајен на партискиот состанок во Букурешт на 7 март. Претседателот на ЕК ќе го избира Европскиот совет по изборите за европратеници на почетокот на јуни.