Израелскиот парламент Кнесетот изгласа во средата поддршка на декларираната одлука на премиерот Бенјамин Нетанјаху којашто се противи на „едностраното“ воспоставување на палестинска држава, по сѐ почестите меѓународни повици за заживување на напорите за постигнување на решението со две држави според документите на светската организација за запирање на деценискиот конфликт.
Партијата Ликуд на Нетанјаху соопшти дека 99 од 120-те пратеници гласале за поддршка на одлуката кој претходно оваа седмица ја усвои владата. Израелскиот став, исто така, е дека секое трајно решение со Палестинците мора да биде постигнат со „директни преговори меѓу двете страни, а не со меѓународен диктат“.
Последната војна во Појасот Газа, кој се разгоре во ненадејниот и без преседан во историјата на конфликтот според обемот, координираноста и бруталноста од страна на исламистичкото движење Хамас на 7-ми октомври врз јужен Израел, е последниот во низата судири меѓу Израел и Палестинците од воспоставувањето на еврејската држава во 1948 година и континуирано го дестабилизира Блискиот исток.
Настојувањата кои се водат за конечното дефинирање на решението за воспоставување на двете држави се запрени од 2014 година. Истовремено, најголемиот израелски сојузник САД речиси деценија се обидуваат да постигнат и поширок договор на Блискиот исток, во чии рамки би била и нормализација на односите меѓу Израел и другите арапски соседи, кое во сегашната констелација се чини невозможно, но и основање на држава Палестина.