![logo-sdsm](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/logo-sdsm.jpg?resize=653%2C397&ssl=1)
Утрово скопјани ги дочекаа стотици билборди со логото на СДСМ и слоганот „Повеќе за сите”.
„Традицијата“ на СДСМ за „позајмување” на политички слогани од други партии и компании продолжува.
Слоганот „Повеќе за сите” пред само неколку месеци го употребува во својата кампања синџирот на супермаркети од Холандија „Шпар”.
Исто така пред 2 години овој слоган го употребил уште еден синџир на продавници „Лидл”.
Во 2008 година СДСМ на изборите искористи лого од фирма за банани, а оваа година од супермаркети.
Останува непознато на што се должи фасцинацијата на оваа партија од фирми со ваков тип на стопанска дејност.