Популацијата на Шведска порасна за само 0,3 oтсто, или 30.200 луѓе, на 10,55 милиони минатата година, што е најниско ниво забележано од 2001 година, покажуваат податоците на Националната агенција за статистика.
„Забавувањето на демографскиот раст се должи на понискиот наталитет, помалиот број имигранти и поголемиот број емигранти“, се вели во соопштението на Агенцијата.
Стапката на наталитет во скандинавската земја е исто така на рекордно ниско ниво, според истиот извор: минатата година падна на 1,44 деца по жена. Минатата година се регистрирани вкупно 100.100 раѓања.
Според Националната агенција за статистика, минатата година во Шведска емигрирале 94.500 луѓе, што е за осум отсто помалку од претходната година.
Во исто време, 73.400 луѓе ја напуштиле земјата во истиот период, што претставува зголемување од 45 отсто споредено со 2022 година.
Доколку овој тренд продолжи, работоспособното население на крајот ќе се намали и системот за социјално осигурување во земјата ќе биде ставен под притисок, предупредуваат голем број експерти.