
На истиот пат каде што босанскиот глумец Емир Хаџихафизбеговиќ пред два дена згази жена, во 2007 година загина и Тоше Проески, а во 2013 година хрватската глумица Долорес Ламбаша.
Автомобилот со кој управувал Емир Хаџихафизбеговиќ налетал на возач и на патничка кои стоеле покрај автомобилот паркиран на левата лента. До несреќата дошло во неделата вечер околу 20 часот на неосветлениот дел на автопатот А3 кај местото Брочица, на местото каде што се изведуваат работи на патот. Според непотврдените информации, дваесетина минути пред несреќата автомобил ја соборил светлечката сигнализација која предупредува дека се извршуваат работи на патот. На паднатите знаци налетале неколку автомобили на кои притоа им се дупнале гумите на тркалата, а автомобилот на актерот удрил во една жена која излегла од своето возило да си ја смени дупнатата гума.
Како што пренесуваат хрватски медиуми, од еден автомобил излегле маж и две жени, а Хаџихафизбеговиќ со својот автомобил се обидел да помине помеѓу оградата на патот и застанатото возило, но притоа ја удрил жената. Повредената веднаш била пренесена во болница во Нова Градишка каде 62-годишната Загрепчанка им подлегнала на повредите.
Случајно или не, хрватската актерка Долорес Ламбаша животот го изгуби на делницата од патот на кој пред седум години трагично загина и македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. На истата делница, на оддалеченост од 60 километри во правец кон Загреб загина и Тоше Проески. И двајцата спиеле кога дошло до кобниот удар.
Досега во медиумите имаше разни гласини дека на тој дел од патот на возачите им се покажувале и духови. Небричен маж, во парталава облека кој води мал коњ впрегнат во старинска кола паралелно со автопатот е еден од духовите кои возачите често го сретнуваат. За седум години, од 2006 до 2013 година на истата делница во 2.293 несреќи загинале 54 лица, а тешко се повредени 180 патници.
Поради зачестените сообраќајни несреќи овој автопат во медиумите често е нарекуват и „проклет“.