Ковачевски првпат слуша за уцените на Груби за Албанец потпретседател на државата

Прашан дали дефинитивно нема да има коалиција со ДУИ, тој наведе дека одлуките во СДСМ се носат во телата на партијата и кога органите на партијата ќе ги донесат одлуките, тогаш ќе бидат соопштени, објасни Ковачевски.

Нагласи дека очекува да има цензус во вториот круг од претседателските избори и оти не е запознаен со изјавата на Артан Груби од ДУИ дека би дале поддршка и за ВМРО-ДПМНЕ  и за СДСМ ако се смени Уставот за да влезат Бугарите во него и ако биде прифатено нивното барање за пчретседател да се гласа во Собранието.