Облачно и топло со локален дожд

Во саботата во Македонија ќе преовладува променливо облачно и натаму со температури далеку нат просечните за овој перид од годината, со слаб локален дожд.

Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Утринсите температури се движат меѓу 2 до 9, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 8 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер, со температура до 18 степени.