Без победник со резултат 2:2 заврши дерби натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига одигран попладнево во Струга меѓу истоимената домашна екипа и Шкупи.
Буњамин Шабани во 54. и Марјан Радески во 68. минута погодија за стружани, за чаирчани во листата на стрелците се запишаа Емануел Гронер и Абдул Руатубаје во 66. и 74. минута.
Другите средби од ова коло се играат утре:
Брера Струмица – Македонија ЃП
Шкендија – Гостивар
Тиквеш – Работнички
Вардар – Брегалница
Воска – Силекс.
Шкупи со 42 и Струга со 41 бод се на водечките две позиции на прволигашката табела.