Тошковски: Австрија и Хрватска им излегуваат пресрет на македонските граѓани со стари пасоши

Двете земји членки на Европската унија и силни поддржувачи на македонските евроинтеграции – Австрија и Хрватска, преку своите највисоки дипломатски претставници во Скопје искажаа разбирање за проблемот со патните исправи со кои се соочуваат македонските државјани во овие држави, информираше техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски по средбите со нивните амбасадори.

Тошковски преку социјалните мрежи информираше дека денеска во рамките на дневните активности остварил две одделни работни средби со странски дипломатски претставници, односно амбасадорот на Австрија, Мартин Памер и амбасадорката на Републикам Нивес Тигањ.

„Во однос на македонските патни исправи двајцата амбасадори истакнаа дека нивните држави имаат разбирање за овој проблем и излегуваат в пресрет на македонските граѓани кои можат непречено да го остваруваат правото на слободно движење во Австрија и Хрватска со старите патни исправи, доколку истите имаат валиден рок, за што од моја страна беше изразена голема благодарност.“, пишува Тошковски.

На средбите, исто така, било разговарано за функционирањето на техничката влада и улогата на Министерство за внатрешни работи во поглед на спроведување фер и демократски изборен процес, се додава во објавата.