![voting-macedonia-960x960](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/voting-macedonia-960x960.jpg?resize=696%2C696&ssl=1)
-Внатрепартиските анкети на партијата се континуирани во текот на цела година, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во централниот дневник во Тема на денот на ТВ Сител.
Според последната анкета, Мицкоски истакна дека доколку утре би се одржале парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале околу 22-23 проценти, додека за СДСМ само 9 до 10 проценти од гласачите.
-Февруарските теренски анкети покажаа дека бројката која што би ја освоила ВМРО-ДПМНЕ ако утре има избори, е помеѓу 22-23 проценти. СДСМ се движи околу 9-10 проценти отприлика од освоените гласови, условно кажано ДУИ и обединетата албанска опозиција би имала меѓу 6-6.5 проценти од освоени гласови, партиите ЗНАМ и Левица околу 4-5 проценти, нагласи Мицкоски.
На прашањето колку пратеници би освоила ВМРО-ДПМНЕ според анкетите, Мицкоски рече: „Врз основа на овие бројки на државно ниво пондерирани во број на пратеници ценам дека во моментот би се движела ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата помеѓу 53 и 56 пратеника“.