
Поранешните советници за национална безбедност во администрацијата на Трамп, Џон Болтон и Роберт О’Брајан, побарале постојана заштита од тајната служба на САД што чинела над 12 милиони долари.
Заштитата била побаранa поради наводна опасност од Иран и се спроведувала долго откако тие заминале од позициите, јави Си-би-ес.
Според документи од Министерството за внатрешна безбедност на САД, обезбедувањето за двајцата се состоело од специјални агенти во текот на 24 часа, со покривање на нивните домови, какo и патувањата дома и во странство.
Болтон бил заштитуван десет месеци од декември 2021 година откако се дознало дека постои иранска закана по неговиот живот. О,Брајан исто така десет месеци со почеток од октомври 2021 година.