Фудбалерите на Мајорка се првите финалисти во Купот на Шпанија оваа сезона, откако во полуфиналето го елиминираа Реал Сосиедад во Сан Себастијан со подобо изведување на ударите од 11 метри.
По 0:0 на првиот меч во Мајорка, и во реваншот беше израмнето по 90 минути, овојпат беше 1:1. Гио Гонзалес во 50. минута ги доведе гостите во водство, а Ојарзабал во 71. минута израмни на 1:1, па се играше получасовното продолжение во кое резултатот не се менуваше, а конечниот победник беше решен со ударите од белата точка, во кои гостите беа поуспешни со 5:4.
Херој на Мајорка беше голманот Греиф, кој го одбрани ударот на Ојарзабал веднаш во првата серија, а потоа сите преостанати девет изведувачи беа сигурни. Во финишот на првото полувреме, Греиф го одбрани пеналот на Микел Мерин и со право ја заслужи титулата играч на натпреварот.
За Мајорка ова е четврти пласман во финалето на Купот, а прв по 2003 година, кога го освоија единствениот трофеј.
Во финалето кое на 6-ти април ќе се игра во Севиља, Мајорка ќе игра против подобриот од мечот меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, кои својот одличен дуел ќе го одиграат в четврток во Билбао. Баскискиот тим има предност од 1:0 од првиот натпревар.