Доларот благо зајакна, цената на нафтата падна

На валутните пазари во средата во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути благо порасна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,84 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,77 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,50 на 150,45 јени. Но американската валута благо зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0840 долари, додека ден претходно во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0850 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,45 отсто, на 83,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,34 отсто, на 78,60 долари.